
Општа цел
Модернизација на земјоделството во Северна Македонија преку интегрирање на дигитални технологии во образованието, земјоделската практична работа и руралниот развој, обезбедувајќи притоа социјална инклузија и заштита на животната средина.
Специфични цели
1. Решавање на земјоделски предизвици
Воведување практични алатки и методи што им овозможуваат на земјоделците да одговорат на климатската варијабилност, ограничените ресурси и растечките пазарни побарувања.
100%
2. Зајакнување на земјоделското образование
Унапредување на наставниот процес преку користење реална дигитална опрема, теренски експерименти и пристапи засновани врз анализа на податоци.
100%
3. Зајакнување на улогата на руралните жени во земјоделството
Обезбедување обуки, пристап до технологии и можности за економски напредок и лидерство за жените-земјоделки.
100%
4. Поддршка на националниот економски раст и руралниот развој
Поттикнување иновации, претприемништво и усогласување со европските земјоделски и рурални развојни политики.
100%
Поврзување со Целите за одржлив развој (SDGs)
Проектот директно придонесува кон повеќе глобални цели:
- SDG 4: Квалитетно образование
Подобрување на земјоделското образование преку дигитални технологии и практични вештини. - SDG 5: Родова еднаквост
Обезбедување еднаков пристап на руралните жени до ресурси, обуки и учество во донесување одлуки. - SDG 8: Пристојна работа и економски раст
Поддршка на нови можности за вработување, претприемништво и стабилни приходи во земјоделството. - SDG 9: Индустрија, иновации и инфраструктура
Воведување технолошка инфраструктура и иновативни решенија во руралните средини. - SDG 12: Одговорно производство и потрошувачка
Намалување на отпадот и оптимизирање на влезните средства во земјоделското производство. - SDG 13: Климaтска акција
Зголемување на отпорноста и капацитетите за адаптација кон климатски промени и природни непогоди.

Очекувани резултати
До крајот на проектот се очекува да се постигнат следните резултати:
- Подобрен пристап до дигитални алатки и знаења за студентите, земјоделците и руралните жени
- Зголемени практични вештини и подобрена вработливост на дипломираните студенти од Факултетот
- Зајакнато економско учество на руралните жени,вклучително и подобрен пристап до пазари и дигитални услуги
- Зголемена иновација и претприемништво во земјоделството и агротех секторот
- Подобра усогласеност со европските земјоделски стандарди и можности за финансирање
- Подобрена продуктивност и поширока примена на одржливи земјоделски практики
