Кои технологии се воведуваат?
Проектот интегрира сет на напредни алатки за паметно и прецизно земјоделство, меѓу кои:
- Дронови за следење на здравјето на културите, мапирање на површини и насочување на третмани
- Сензори за почва за мерење на влажност, електрична спроводливост (EC) и pH вредности
- Системи за наводнување поврзани со податоци во реално време за поефикасно управување со водата
- Системи за климатско мониторирање (агрометеоролошки станици) за отворени и заштитени простори
- Софтвер за анализа на податоци за обработка и интерпретација на информациите добиени од терен

Овие технологии овозможуваат:
• Оптимизација на употребата на вода и ѓубрива
• Намалување на употребата на пестициди и земјоделски загуби
• Подобро планирање на земјоделските активности и управување со ризици
• Заштеда на време и гориво преку намалување на непотребните теренски операции