ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Image

Општа цел

Модернизација на земјоделството во Северна Македонија преку интегрирање на дигитални технологии во образованието, земјоделската практична работа и руралниот развој, обезбедувајќи притоа социјална инклузија и заштита на животната средина.

Специфични цели

1. Решавање на земјоделски предизвици Воведување практични алатки и методи што им овозможуваат на земјоделците да одговорат на климатската варијабилност, ограничените ресурси и растечките пазарни побарувања.
100%
2. Зајакнување на земјоделското образование Унапредување на наставниот процес преку користење реална дигитална опрема, теренски експерименти и пристапи засновани врз анализа на податоци.
100%
3. Зајакнување на улогата на руралните жени во земјоделството Обезбедување обуки, пристап до технологии и можности за економски напредок и лидерство за жените-земјоделки.
100%
4. Поддршка на националниот економски раст и руралниот развој Поттикнување иновации, претприемништво и усогласување со европските земјоделски и рурални развојни политики.
100%

Поврзување со Целите за одржлив развој (SDGs)

Проектот директно придонесува кон повеќе глобални цели:
  • SDG 4: Квалитетно образование
    Подобрување на земјоделското образование преку дигитални технологии и практични вештини.
  • SDG 5: Родова еднаквост
    Обезбедување еднаков пристап на руралните жени до ресурси, обуки и учество во донесување одлуки.
  • SDG 8: Пристојна работа и економски раст
    Поддршка на нови можности за вработување, претприемништво и стабилни приходи во земјоделството.
  • SDG 9: Индустрија, иновации и инфраструктура
    Воведување технолошка инфраструктура и иновативни решенија во руралните средини.
  • SDG 12: Одговорно производство и потрошувачка
    Намалување на отпадот и оптимизирање на влезните средства во земјоделското производство.
  • SDG 13: Климaтска акција
    Зголемување на отпорноста и капацитетите за адаптација кон климатски промени и природни непогоди.
Image

Очекувани резултати

До крајот на проектот се очекува да се постигнат следните резултати:
  • Подобрен пристап до дигитални алатки и знаења за студентите, земјоделците и руралните жени
  • Зголемени практични вештини и подобрена вработливост на дипломираните студенти од Факултетот
  • Зајакнато економско учество на руралните жени,вклучително и подобрен пристап до пазари и дигитални услуги
  • Зголемена иновација и претприемништво во земјоделството и агротех секторот
  • Подобра усогласеност со европските земјоделски стандарди и можности за финансирање
  • Подобрена продуктивност и поширока примена на одржливи земјоделски практики